Ова се нашите предлози за типување за денешниот ден…
СИНГЛ НА ДЕНОТ
Сарпсборг – Молде 2 и 2+
Молде ланската сезона стигна до титулата со 14 бода предност пред Бодо, но сега има четири бода помалку, и меч повеќе од главниот ривал за шампионскиот трофеј. По „киксот“ на домашен терен на последниот дуел со Бран (1-2), јасно е дека Молде нема повеќе право на грешка.
Гостувањето против Сарпсборг е идеално за почнување на нова победничка серија, ривалот се наоѓа во долниот дел од табелата и се мачи со ефикасноста (15 гола на 13 средби, Молде има постигнато 40 на првите 14 овосезонски натпревари). Сарпсборг во минатото коло беше прегазен со 5-1 од Розенборг, што е лоша увертира за пресметката со шампионот.
ТИКЕТ НА ДЕНОТ
Генк – Оуд Хеверле 1 и 3+
ЦСКА М. – Тамбов 1 и 2+
Еребро – Дјургарден 2
Пакси – Ујпешт 3+
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА