ЕКИПА 1Х2: Сингл и тикет на денот

Фудбалската Лига на Европа и кошаркарската Евролига ќе бидат во центарот на вниманието на обложувачите во текот на денешниот ден.

СИНГЛ НА ДЕНОТ

АСТАНА – МАНЧЕСТЕР Ј.      1

Астана нема шанси за пласман во следната рунда, но дуелите со Манчестер Јунајтед се мотив за сите фудбалери. Разликата е во тоа што „црвените ѓаволи“ овојпат ќе настапат во „младински тим“, откако Солскјер реши да ги одмори речиси сите првотимци, оставајќи ги дома во Манчестер за да се подготват за новите премиерлигашки предизвици.

Од поискусните фудбалери во Казахстан отпатуваа само Лингард, Шо и Туанзебе, шанса ќе добие третиот голман Грант, како и огромен број тинејџери. Тоа ќе биде идеална можност за Астана да стигне до триумф над еден од најголемите европски клубови. Домаќините поради трката за титулата на домашната сцена често експериментираа со составот во Лигата на Европа. Сепак, по освоениот трофеј сега Астана повторно ќе настапи комплетна, во обид да стигне до првиот триумф сезонава на европската сцена.

ТИКЕТ НА ДЕНОТ

Ц. Звезда  – Валенсија             1

АЛБА – Жалгирис                     1

Лацио – Клуж                             1и2+

Арсенал – Ајнтрахт                    3+

Ј. Бојс – Порто                             3+

Се вчитува...