Ова се нашите предлози за типување за денешниот ден…
СИНГЛ НА ДЕНОТ
Мајнц – Борусија М. 2
Борусија Менхенгладбах по променливата форма на стартот на сезоната конечно влезе во посакуваниот ритам. Во Купот на Германија го декласираше шампионот Баерн Минхен со преубедливи 5-0, по што во Бундес-лигата рутински беше совладан Бохум, серија што се очекува да продолжи и на денешниот дуел со Мајнц.
Причина повеќе да се типува „двојка“ е традицијата која вели дека Борусија славела на последните три меча одиграни во Мајнц (2-3, 1-3 и 0-1), а на последните шест дуели одиграни на стадионот на денешниот ривал фудбалерите од Менхенгладбах имаат скор од пет победи и едно реми.
ТИКЕТ НА ДЕНОТ
Саутемптон – Астон Вила 1
Ленс – Троа 1 и 2+
Хелмонд – Рода 2 и 2+
Хол. Кил – Динамо Д. ГГ 3+
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА