Ова се нашите предлози за типување за денешниот ден…
СИНГЛ НА ДЕНОТ
Бетис – Осасуна 1 и 2+
Дуел на два тима кои имаат максимални шест бода по првите две кола од новата сезона, во кој предност му даваме на домашниот состав. Бетис имаше големи проблеми со играчкиот кадар поради повреди во првите две кола, но сепак успеа да слави над Елче (3-0) и над Мајорка (1-2).
Голем дел од повредените играчи се враќаат за вечерашниот дуел, што ќе биде голем плус за Бетис против составот на Осасуна. Тимот на Осасуна вообичаено многу подобро игра на домашен отколку на гостински терен, па првите две победи сезонава ги забележа пред своите гледачи. Вечерашниот дуел во Севилја ќе биде прво гостување за Осасуна, и тоа на стадионот каде има пет порази на последните пет меча, а лани настрада со убедливи 4-1.
ТИКЕТ НА ДЕНОТ
Фрајбург – Бохум 1 и 2+
Лацио – Интер ГГ 3+
Монца – Удинезе х2 и 2+
Џирона – Селта х2 и 2+
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА