ЕКИПА 1Х2: Сингл и тикет на денот

Нов ден, нова понуда за типување на натпреварите ширум фудбалска Европа…

СИНГЛ НА ДЕНОТ

ТОРИНО – КАЛЈАРИ      1

Торино со години наназад важи за тим што игра особено квалитетно на домашен терен. Доказ за тоа се и победата над Милан и ремито со Наполи во претходните две средби пред своите гледачи, па се очекува „торинезите“ да стигнат до цел плен и на дуелот со Калјари.

Гостите од Сардинија тешко дека ќе можат да издржат уште долго со серијата добри резултати од стартот на сезоната, особено во ситуација кога гостуваат на силен ривал како Торино, предводен од одличниот голгетер Андреа Белоти.

И традицијата е целосно на страната на Торино, овој тим не знае за пораз на последните девет дуели со Калјари (шест победи и три реми).

ТИКЕТ НА ДЕНОТ

Динамо З. – Осијек          1и2+

Сент Етјен – Амиен          1

Ливерпул – Тотенхем      3+

Волфсбург – Аугсбург     1

Бриж – Стандард              1

Се вчитува...