Ова се нашите предлози за типување за денешниот ден…
СИНГЛ НА ДЕНОТ
Ман. Сити – Реал Мадрид 1 и 3+
Првиот меч заврши без победник, но Манчестер Сити е голем фаворит за пласман во финалето. Мора да се истакне неверојатната форма на домашен терен на тимот на Пеп Гвардиола, кој на последните девет средби на „Етихад“ играл 1 и 3+. Тука влегуваат и убедливите победи над Лајпциг (7-0), Ливерпул (4-1), Баерн Минхен (3-0)… како потврда дека „граѓаните“ сезонава играат најдобро токму кога е најважно.
Секако, Реал Мадрид е тим што никогаш не треба предвреме да биде отпишан во Лигата на Шампионите, но Сити тешко дека ќе си дозволи да се лизне повторно како што тоа го стори минатата сезона, исто така против „кралевите“.
ТИКЕТ НА ДЕНОТ
Мидлсброу – Ковентри 1
Башакшехир – Умраније 1
Магдебург – Висла 1 хенд.
ПСЖ – Кил + голови
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА