Бројни интересни натпревари се на програмата на тениските терени ширум Европа…
СИНГЛ НА ДЕНОТ
Шалке – Лајпциг 2
Лајпциг ја надмина мини-кризата, во последните три кола не прими ниту еден гол (реми на гостувањето со Баерн, победа дома со Вердер и триумф од 0-1 на гостински терен против Тотенхем во ЛШ). Лајпциг е втор најдобар тим на гостувањата во Бундес-лигата (веднаш зад Баерн), па се очекува добра игра и победа и на дуелот во Гелзенкирхен.
Шалке се мачи со повреди, домаќините ќе настапат без Стамбули, Сане и Калигури, што дополнително ќе им ја отежни задачата. Домаќините во последниот меч пред своите гледачи ремизираа со „фенерџијата“ Падерборн, во минатото коло одиграа нерешено во Мајнц (0-0), но тешко е да се поверува дека „сините“ ќе успеат да ги запрат налетите на атомскиот напад на Лајпциг.
ТИКЕТ НА ДЕНОТ
Борусија М. – Хофенхајм 1
Лидс – Рединг 1 и 2+
K. Палас – Њукасл 1
СПАЛ – Јувентус 2 и 2+
Хајдук – Горица 1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА