Ова се нашите предлози за типување за денешниот ден…
СИНГЛ НА ДЕНОТ
Франција – Германија 1 и 2+
Дуел меѓу две врвни репрезентации на кој предноста им ја даваме на домаќините, пред се поради формата во која се наоѓаат. Поточно, Германија веќе подолго време е во криза, а новиот селектор Нагелсман не успеа да ја врати победничката атмосфера во тимот. Последните порази од Австрија и од Турција во ноември 2023 беа јасен знак дека многу работи во германскиот табор не функционираат, па Нагелсман се реши за неколку експерименти токму на овие мартовски натпревари.
Во меѓувреме отпаднаа Нојер и Павловиќ, кој требаше да биде „џокер“ на средината од теренот, што уште повеќе ги намалува шансите на Германија за успех на овој меч. Кај Французите ќе недостига Гризман, но светските вицепрваци ќе бидат предводени од Мбапе и имаат доволно офанзивна артилера за да стигнат до триумф.
ТИКЕТ НА ДЕНОТ
Р. Ирска – Белгија 2
Данска – Швајцарија ГГ 3+
Нортемптон – Дерби 2 и 2+
Мепен – Феникс Либек 4+
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА