Ова се нашите предлози за типување за денешниот ден…
СИНГЛ НА ДЕНОТ
Тотенхем – Арсенал 1
Жозе Мурињо успеа да го склопи тимот онака како што посакува, без звучни имиња, но со играчи кои се подредија на колективот. Нападот предводен од Кејн и од Сон функционира беспрекорно, а на сигурност доби и одбраната, која е без примен гол на последните три премиерлигашки средби.
Арсенал се наоѓа во криза, а Артета не делува како стратег што може да го најде одговорот. „Топчиите“ имаат проблем со одбраната, Обамејанг има дадено само еден гол од почетокот на ноември, па јасно е дека на оовј тим не му се пишува ништо добро на денешното гостување против омразениот ривал.
Тотенхем има загубено само еден домашен меч од последните 14 против Арсенал во Премиер-лигата (во 2014 година). На последните шест средби како домаќини на „топчиите“ фудбалерите на Тотенхем имаат скор од четири победи и две реми, што се очекува уште повеќе да се подобри по денешниот дуел.
ТИКЕТ НА ДЕНОТ
Ливерпул – Вулвс ГГ 3+
Шефилд Ј. – Лестер 2
Шалке – Баер Л. ГГ 3+
Мец – Лион 2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА