EКИПА со посебно задоволство, како партнер на реномираниот лондонски ГАРДИЈАН, најавува дека ќе биде дел од медиумската „експертска мрежа на Гардијан“ за Европското фудбалско првенство.
Покрај постојаните интервјуа, анализи и колумни на редовните наши автори, во следните 30 дена ќе може да ги читате и најдобрите спортски новинари од земјите учеснички на ЕВРО 2020 кои за читателите на ЕКИПА ќе ги сервираат своите текстови. Со ЕКИПА, покрај секако „Гардијан“, дел од мрежата се по една медиумска организација од секоја земја чија репрезентација учествува на Европското првенство.
За нас е чест што сме дел од мрежата од вкупно 22 европски медиуми (ако се знае дека „Гардијан“ покрива за Англија, Велс и Шкотска), заедно со „Газета дело Спорт“ (Италија), „Ел Паис“ (Шпанија), „Ди Цајт“ (Германија), „Спорт-Експрес“ (Русија), „Франс фудбал“ (Франција), „Блик“ (Швајцарија), „Телеспорт“ (Хрватска), „Стандард“ (Австрија), „Немзети спорт“ (Унгарија),… Се во насока на што поквалитетно покривање на ЕВРО 2020! Целта на мрежата е размена на текстови и информации како читателите од секој од овие медиуми би имале поблизок и пореален поглед на секој од протагонистите на Европското првенство.
Во следниот период подетално ќе бидат анализирани и репрезентациите противници на Македонија во Групата Ц, Австрија, Холандија и Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА