Само еден ден после победата во дербито над Пелистер, Вардар останува без шеф на стручниот штаб. Горазд Михајлов побарал, а Вардар наводно му дозволил раскин на договорот, дознава ЕКИПА. Со тоа „црвено-црните“ ќе имаат нов тренер.
И натаму не е позната причината за ваквиот чекот на Михајлов, особено ако се има во предвид дека вчера го доби дерби дуелот со Пелистер. Денеска двете страни имале состанок, по што е одлучено да биде прекинат договорот на тренерот со „црвено-црните“.
Михајлов ги мина подготовките на Вардар, во првото коло „црвено-црните“ беа поразени од Брера, а вчера го совладаа Пелистер. Михајлов го замени Васоски на кормилото на Вардар на почетокот на оваа година, откако работеше во Силекс. Тогашниот тренер на Вардар, пак, замина на негово место во Силекс.
Се очекува официјална потврда на Вардар денеска за разделба со тренерот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА