Оливие Жиру по завршувањето на сезоната би можел да ја продолжи кариерата во САД. Тимот на Лос Анџелес е заинтересиран за неговите услуги, и планира во следните денови да му испрати понуда. Жиру по завршувањето на сезоната ќе биде слободен агент, откако му истекува договорот со Милан.
Жиру во Лос Анџелес би играл заедно со неговиот некогашен соиграч од репрезентацијата на Франција, голманот Хуго Лорис кој е дел од овој тим.
Ако не се договори со Лос Анџелес, тогаш Жиру може да остане во Милан уште една сезона, или да се пресели во Саудиска Арабија, од каде што, исто така, има интерес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА