Екипа Топ 5: Идеална петорка на 10. коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Десеттото коло од Првата кошаркарска лига донесе шест нови возбудливи натпревари во кои домаќините го одбранија домашниот терен. ТФТ кој славеше против Пелистер во натпреварот на колото, Гостивар против Кожув, Работнички против Еуро Никел, Струмица против Куманово и МЗТ Скопје против Феникс 2010.

Во идеалната петорка на колото место има за Андреј Шошкиќ кој за 11 минути поминати на паркетот постигнаа 11 поени и тоа во клучната последна четвртина. Александар Костоски стандардно го предводеше ТФТ во натпреварот на колото со 23 поени и 5 асистенции, додека во Кислеа Вода блесна Ди Френклин кој оствари дабл-дабл учиник од 45 поени и 10 скока.

Светозар Стаменковиќ одигра нов одличен натпревар предводејќи го новајлијата до значајна победа со 20 поени, 12 скока и 7 асистенции, додека Филип Бакоч одигра одличен натпревар кој го заврши со 20 поени и 6 скока.

Се вчитува...