Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.
Второто коло од Првата кошаркарска лига ни донесе нови шест возбудливи натпревари на терените ширум Македонија. Колото започна со првата победа на ТФТ во сезоната над Чаир 2030, продолжи со триумфот на Пелситер над Работнички, Феникс 2010 над Академија ФМП, Кожув над Струмица, Еуро Никел над Куманово, а заврши во вчерашната победа на Гостивар во Аеродром против МЗТ Скопје.
Во идеалната петорка на колото место има за два кошаркари на Гостивар, Лувејн Пипкинс и Андреј Маслинко. Бекот и центарот беа едни од најзаслужните за победата, предводејќи го својот тим со 17 поени, 8 асистенции и 7 скока, односно 18 поени и 5 скока.
Неверојатен натпревар во Гевгелија одигра Мирон Гордон кој постигна 48 поени, а додаде и 4 скока и 3 асистенции. Сеад Хаџифејзовиќ имаше одлично деби пред битолската публика со 29 поени, 9 скока и 2 украдени топки, а камбекот на Бојан Трајковски по повреда донесе дабл-дабл од 19 поени и 11 скока проследен со 4 асистенции.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

