Екипа Топ 5: Идеална петорка на 20. коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Дваесеттото коло од Првата кошаркарска лига ни донесе нови шест возбудливи дуели во кое на победи се радуваа Еуро Никел кој го славлада МЗТ Скопје 2, Академија ФМП кој ја доби битката со Гостивар за третото место, Работнички кој по продолжение славеше на гостувањето кај Кожув, Феникс 2010 кој со триумфот над Куманово им се врати на победите, Пелситер кој ја оправда фаворитската улога против Ангели и МЗТ Скопје кој го доби мечот на колот против ТФТ.

Во идеалната петорка на колото место има за Дион Едвин од Работнички кој со победата во „црвено-белиот“ натпревар повторно беше на чекор до трипл-дабл учинок, овој пат проследен со 32 поени, 9 скока и 8 асистенции. Тука е и Стефан Крстајиќ од редовите на „академиците“ кој против Гостивар го предводеше својот состав со 20 поени и 7 скока.

Од натпреварот на колото имаме два кошаркари, Војдан Стојановски кој со 21 поен и реализација 5/8 за три го предводеше МЗТ Скопје против ТФТ, како и Немања Милошевиќ кој „царуваше“ под обрачите со дабл-дабл од 18 поени и 15 скока.

Петорката ја комплетира Бојан Трајковски кој во 11. победа на новлијата Феникс 2010 постигна 29 поени, а додаде и 8 скока и 4 асистенции.

Се вчитува...