Екипа Топ 5: Идеална петорка на 22. коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Последното коло од Првата кошаркарска лига ни донесе нови шест возбудливи дуели по кои на победи се радуваа Еуро Никел кој славеше над Ангели, МЗТ Скопје кој го доби гостувањето кај Академија ФМП, Гостивар кој славеше во Гевгелија против Кожув, Куманово кој беше доминантен против Работнички, Пелистер го одбрани домашниот терен од ТФТ, а новлијата Феникс 2010 славеше против МЗТ Скопје 2.

Во иделната петорка на колото место има за два кошаркари на „зелено-белите, Марјан Младеновиќ и Никола Малешевиќ. Плејмејкерот во триумфот на битолчани постигна 12 поени со само еден од пет промашени обиди за три поени и 3 асистенции, додека крилото беше енигма за „црно-белите“ со 38 поени, 8 скока и 4 асистенции.

Ненад Зивчевиќ се врати од повреда со 15 поени, 8 скока и 6 асистенции против Работнички, додека Бојан Трајковски беше на чекор до трипл-дабл со 29 поени, 12 скока и 8 асистенции во новата победа на „виолетово-жолтите“. Место во идеалната петорка има и за Роберт Рикиќ кој со 17 поени, 5 скока и 5 блокови го предводеше МЗТ Скопје во Кисела Вода.

Се вчитува...