Екипа Топ 5: Идеална петорка на 9. коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Деветтото коло од Првата кошаркарска лига донесе шест нови натпревари на терените ширум Македонија по кои на победи се радуваа TФТ кој славеше во Струмица, Академија ФМП кој го доби мечот во Куманово, Еуро Никел кој по продолжение му го нанесе вториот пораз на Гостивар, Работнички кој службено го доби мечот против Чаир 2030, Пелистер кој славеше против Феникс 2010 и МЗТ Скопје кој стигна до седмата победа во низа со триумф против Кожув.

Во идеалната петорка на колото место има за два кошаркари на Еуро Никел. Тоа се Дарко Соколов и Бранислав Џекиќ кои го предводеа својот тим до значајна победа. Бекот имаше „ол-ароунд“ меч проследен со 20 поени, 7 асистенции и 6 скока, додека центарот постигна 16 поени, а додаде и 8 скока.

Мек Смит стана само вториот странец со трипл-дабл учинок во македонското првенство откако во Куманово реализираше 26 поени, 11 скока и 10 асистенции. Војдан Стојановски во Гевгелија броеше до 21 поен, а додаде и 6 асистенции и 3 украдени топки, додека Страхил Николов со победата во Струмица реализираше 18 поени и 7 скока.

Се вчитува...