ЕКИПА ТВ – МУНДИЈАЛ…Саша Ќириќ: Франција игра најубав фудбал на Светското првенство

Светот во моментов е под впечатокот на фудбалската магија… Планетата го следи Мундијалот во Русија, а ЕКИПА ТВ ви ги пренесува очекувањата, анализите и предвидувањата и на македонските фудбалски личности околу 21. Светско првенство…

Саша Ќириќ е денешен гостин во ЕКИПА ТВ. Тој е фан на Франција и се надева дека „триколорите“ ќе стигнат до финалето. Селекцијата на Дидие Дешамп, за Ќириќ, игра најсимпатичен фудбал на Мундијалот, иако Бразил е секогаш меѓу главните фаворити. Хрватска е исто така одлична во досегашниот тек од Светското првенство, а Англија е фаворит против Шведска.

Се вчитува...