Екитике донесе победа за Ливерпул, но заборави дека има жолт, па поцрвене (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул успешно ја минаа првата пречка во англискиот Лига куп откако вечерва на домашен терен славеа против Саутемптон со 2-1.

Водство за „црвените“ донесе најновата аквизиција на клубот, Александер Исак кој го постигна првиот гол за водство од 1-0 во 43. минута. Гостите израмнија на 1-1 преку Чарлс во 76. минута.

Екитике донесе нова победа за домашниот тим (2-1) во 85. минута, но изуми дека веќе има жолт картон па при прославата на голот го соблече дресот што значеше и автоматски црвен картон.

Liverpool [2] – 1 Southampton – H. Ekitiké 85'
byu/West_Agent4651 insoccer

Се вчитува...