Екитике е првиот стрелец во новата сезона во Премиерлигата (ВИДЕО)

Актуелниот шампион на Англија, Ливерпул има водство од 1-0 на полувреме против Бормут во премиерниот натпревар од новата сезона во Премиерлигата.

Натпреварот на „Енфилд“ кој е посебно емотивен, бидејќи навивачите на Ливерпул на прекрасен начин уште еднаш се збогуваат со Диого Жота и неговиот брат, започна и повеќе од добро за новата аквизиција на „црвените“.

Екитике откако стрелаше и во Комјунити шилдот, вечерва е стрелец и на првиот гол во новата сезона во Премиерлигата, откако успешно го матираше противничкиот гоман во 37. минута.

Liverpool [1] – 0 Bournemouth – H. Ekitiké 37'
byu/Cute_Office277 insoccer

Се вчитува...