Хуго Екитике фантастично се најде во редовите на Ливерпул. И покај тоа што овој трансфер помина во сенка на оние на Флоријан Вирц и Александар Исак, францускиот голгетер е оној кој ја одбележува сезоната за „црвените“.
Екитике моментално е најефикасниот фудбалер на Ливерпул со 12 постигнати голови и веќе во првата сезона успеа да го изедначи рекордот на легендата на Ливерпул, Кени Далглиш.
Дваесетитригодишникот постигна гол во пет различни натпреварувања (Премиерлигата, ЛШ, Лига купот, Комјунити шилд и ФА Куп) со што го изедначи рекордот поставен во сезоната 1977/78.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

