Еклстоун: Би примил куршум за Путин

Поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстоун, застана во одбрана на претседателот на Русија, Владимир Путин и неговата инвазија на Украина, на што реагираа од самиот шампионат и објавија дека такви изјави се спротивни на вредноста на спортот.

Еклстоун во интервју за „Добро утро Британија“, изјави дека би примил и куршум за претседателот на Русија.

„Сепак би добил куршум за Путин. Би сакал да не ме боли, но дефинитивно би добил куршум за него. Тој е неверојатна личност и го прави она што верува дека е  право. За жал, тој е како многу деловни луѓе, секако како мене, сите ние одвреме-навреме грешиме, но треба да го направите најдоброто што можете за да го извлечете максимумот од тоа“, изјави Еклстоун. 

Се вчитува...