Екс белгискиот репрезентативец откри: Имав панични напади, затоа се откажав од националниот тим

Поранешниот белгиски репрезентативец Тоби Алдервирелд, кој заврши со националниот тим во 2022 година, откри дека се решил да прекине да игра за националниот тим, поради панични напади.

Тој кажа дека најпрво мислел дека има срцев удар додека го возил автомобилот.

„Кога загубивме во Купот, бев лут и фрустриран. Не можев да спијам, и отидов во вежбална рано утро да работам со тегови. Пред да заминам испив едно апче со кофеин, затоа што не конзумирам кафе. Во автомобилот одеднаш почна да ми чука срцето многу силно. Си помислив дека имам срцев удар. Си реков: готово е, никогаш повеќе нема да ги видам моите деца. Застанав, влегов во продавница за мебел и ги замолив да повикаат брза помош. Имав напад на паника, и во одреден момент мислев дека ќе умрам. Потоа почнав да разговарам со луѓе и ми рекоа дека тоа ми е од прекумерен стрес, или напад на паника. Се уште страдам од тоа од време на време. Затоа ја напуштив репрезентацијата“, рече Алдервирелд.

Во својата кариера белгискиот дефанзивец играше за Ајакс, Атлетико Мадрид, Саутемптон, Тотенхем, Ал Духаил. Во моментов е дел од Антверпен, и најави завршување на кариерата на крајот од сезоната. За Белгија одигра 127 натпревари.

Се вчитува...