Челниците на Загреб доведоа одлично засилување во својот тим, комплетирајќи го трансферот на Жарко Марковиќ. Поранешниот „бомбардер“ на Металург имаше зад себе неколку одлични сезони во Катар, каде по земениот пасош се наметна и како еден од лидерите на оваа репрезентација.
Сепак, Марковиќ реши да се врати во европскиот ракомет прифаќајќи ја понудата на „плинарите“ од Загреб и повторно ќе заигра во Лигата на шампионите.
Со ангажманот на Марковиќ, раководството на Загреб успешно ја заврши потрагата по нов десен бек откако тешка повреда на рамото заработи Давид Миклавчич.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА