Дефанзивецот Ерик Баи се присети како Жозе Мурињо го повикал да се пресели во Манчестер Јунајтед во 2016 година.
Тој кажа дека кога Португалецот му се јавил, мислел дека халуцинира, и дека некој го зафркава на телефонот.
„Добив повик од португалски број. Но, јас не познавав никого од таму. Почнав да размислувам кој би можел да биде. Се јавив и прашав кој е таму. Добив одговор „тука е Мурињо. Те барам да те прашам дали сакаш да играш во Манчестер Јунајтед“. Мислев дека халуцинирам и дека некој се шегува со мене. Кој би поверувал дека Мурињо му се јавува. Го замолив да се вклучи со видео линк. Мајка ми беше до мене. Тоа беше Мурињо и рече дека ме сака во неговиот тим. Потпишав со најголемиот клуб во светот“, изјави екс дефанзивецот на Јунајтед.
Тој во моментов игра за Вилјареал откако потпиша договор до 2025 година. После Јунајтед, беше дел и од Бешикташ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА