Поранешниот англиски фудбалер Џејми Кесиди, осуден е на 13 години и три месеци затвор поради шверц на дрога. Кесиди во „пеколот на дрогата“ го вовлекол неговиот постар брат, кој се смета за „европскиот Ел Чапо“.
Токму Џонатан бил мозок на целата операција, додека со нив осуден е и 51-годишниот Насар Ахмед.
Според информациите, тројцата увезувале кокаин од Јужна Америка во Англија преку Амстердам. Успеале за три месеци да „свртат“ 35 милиони евра, што доволно говори за каква криминална група станува збор.
Братот на Џејми, добил казна затвор од 22 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА