Екс фудбалер на Мајнц и Херта повторно се бори со тешката болест

Холандскиот фудбалер Жан-Пол Ботиус ја напушти Херта минатото лето, и едноставно исчезна. Потоа се донза дека причината за неговото отсуство е тажна.

Некогашниот холандски репрезентативец објави дека повторно има канцер.

„Здраво свете. После предизвикувачкиот период и напорната работа за да се подготвам за чекор напред, морам нешто да ви кажам. И покрај тоа што еднаш го победив канцерот, тој се рашири на моите ретроперитонеални лимфни јазли. Тоа значи дека ќе морам да одам на хемотерапија, и ќе следува период на опоравување. Сакам да ја изразам целата благодарност за љубовта и поддршката која ја добив. Вашите пораки ми даваат надеж. Се радувам на денот кога повторно ќе можам да играм на полн стадион. Се гледаме таму“, порача Ботиус.

Овој фудбалер во минатото играше за Феенорд, Базел и Мајнц, а една сезона беше дел од Херта. Тој се лечеше од рак на тестиси во 2022 година.

Се вчитува...