Поранешниот бразилски фудбалер Фабио Симплицио, добро познат по ведрата насмевка и доброто расположение во интервју за „Газета“ говореше на разни теми, откривајќи разни анегдоти.
Симплицио често беше „мета“ на медиумите поради своето скандалозно однесување. Некои работи биле претерани, но некои и не толку далеку од вистината.
„Рим е тежок град кога се во прашање медиумите, гласините и приказните. Преубав, но многу напоред за менталното здравје. Кога бев повреден измислуваа се и сешто за мене. Но, да бидам искрен, неколку пати навистина бевме многу мамурни.. ние Бразилците“, открива Симплицио.
„Еднаш славевме бразилски карневал кај еден соиграч дома. Утредента бевме мртви. Не можев да ја гледам топката. Клаудио не примети и не праша „Бразилци, што правевте синоќа?“. Не испрати под туш. Се смеам кога ќе се потсетам на тие моменти… Еднаш во Парма завршив со автомобилот во фонтана. Бев пијан и не успеав да закочам. Грешка на младоста.. да кажеме така“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

