Екс-фудбалер полуде: Уби човек на улица затоа што му застанал на патот

Поранешниот фудбалер на Бешикташ и Фенербахче, Сезер Озтурк, е уапсен од турската полиција за убиство со умисла откако Озтурк застрела едно, а рани уште четири лица.

Конфликтот настанал кога Озтурк во својот автомобил сакал да ја мине улицата, а групата луѓе кои во непосредна близина правеле забава му го блокирале патот. Најпрвин дошло до вербална пресметка, по што eкс-фудбалерот се вратил во своето возило, од каде извадил пиштол и почнал да пука кон групата, убивајќи едно и ранувајќи четири лица.

Тој веднаш потоа побегнал од местото на настанот, но полицијата го уапсила и веднаш е ставен во притвор.

Се вчитува...