Поранешниот фудбалер Димитрија Лазаревски, почнува да ја гради својата тренерска кариера во Шведска. Во иднина тој ќе работи во ГАИС од Гетеборг.
Станува збор за еден од најстарите клубови во Шведска, којшто е еден основачите на најелитната лига во Земјата – Алсвенскан. ГАИС е и прв шампион во лигата, а има вкупно четири национилни титули.
Лазаревски (40) ќе биде дел од фудбалската Академија на клубот и ќе работи со фудбалери до 17 години. Договорот на Лазаревски со ГАИС е со траење до декември 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

