Екс фудбалерот на Вардар и Шкендија заигра фудбал со легендарниот Адријано

Поранешниот фудбалер на Вардар и на Шкендија, Хуан Фелипе, веќе некое време е во фудбалска пензија. Откако настапуваше во двата наши прволигаши, потоа играше и на Кипар, во моментов игра фудбал, но само рекреативно и аматерски.

Фелипе имаше можност да заигра фудбал заедно со Адријано, екс фудбалерот на Интер кому му предвидуваа блескава кариера, но неговиот фудбалски пат тргна во сосема друга, погрешна насока.

Фелипе остави голема трага во мак фудбалот како еден од најдобрите бразилски фудбалери кој настапувал во ПМФЛ. Особено остави трага со играњето во Вардар од 2015 до 2018 година, каде беше еден од најдобрите фудбалери на тогашните прваци. Дресот на Вардар го носеше и во 2019 година, а ги изненади сите со трансферот во Шкендија истата година. Меѓутоа после само шест поминати месеци во Тетово, си замина од клубот. Претходно играше и за ЦСКА, а после Вардар настапуваше за Каират. Последен клуб во кариерата му беше Енозис.

Се вчитува...