Екс-германски репрезентативец ја заврши кариерата

Поранешниот германски репрезентативец Гонзало Кастро, се реши да ја заврши професионалната кариера на 35-годишна возраст. Кастро во кариерата настапуваше за Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд, Штутгарт и Арминија Билефелд. Во Бундеслигата одиграл преку 400 натпревари.

Кастро има и пет настапи за најдобрата германска селекција, а траен белег остави во младата селекција на „елфот“ со која во 2009 година го освои европскиот шампионат, во генерација со Нојер, Хумелс, Боатенг, Кедира, Озил… Во финалето ја совладаа Англија со убедиливи 4-0, а токму Кастро беше стрелец на еден гол.

Се вчитува...