Екс-голман на Манчестер Јунајтед ќе брани за Венеција

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Серхио Ромеро е нов член на италијанскиот тим Венеција. Ромеро денеска беше промовиран како слободен играч, и потпиша до крајот на сезоната.

Ромеро покрај Манчестер Јунајтед, во минатото играше за аргентински Расинг, Аз Алкмар, Монако а има искуство и во Италија како голман на Сампдорија.

Ромеро бранеше за Аргентина 96 пати, а најзебележителен настап имаше на СП 2014 година во Бразил кога неговата селекција стигна до финалето, и загуби од Германија.

Се вчитува...