Поранешниот дефанзивец на Барселона Дани Алвес, е обвинет за сексуален напад. Жена во полиција пријавила дека била малтретирана од 39-годишниот бразилски фудбалер во клуб на улицата Туце во Барселона.
Според жртвата, Алвес ја ставил раката под нејзината долга облека. После тоа жената била исплашена и ја раскажала приказната до пријателите, а тие ја пренеле информацијата на обезбедувањето.
Жената веднаш била преместена на друго место, а кога жртвата била испрашувана од полицијата, фудбалерот веќе си заминал од ноќниот клуб.
Алвес и неговите адвокати го отфрлиле ова обвинување, но потврдиле дека играчот бил во клубот спорната вечер, но дека бил само кратко и ништо не се случило.
Инцидентот наводно се случил на 30 декември, а претходно Алвес беше во селекцијата на Бразил за Мундијалот во Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

