Црвена Звезда е на добар пат да осигура уште едно големо засилување откако вицешампионот на АБА-лигата влезе во завршна фаза од преговорите со Треј Томпкинс, 33-годишниот крилен центар кој во следните 48 часа би требало да го стави својот потпис на договорот со „црвено-белите“. Борбата под обрачите е сериозен проблем за Црвена Звезда, поради што тренерот Сферопулос бара ново засилување во рекетот, а изборот падна токму врз Томпкинс, кој моментно е без ангажман откако минатото лето му истече договорот со Зенит.
Овој кошаркар е висок 208 сантиметри, а негова одлика меѓу другото е и беспрекорниот шут од далечина, кој му беше заштитен знак во периодот додека настапуваше за Реал МАдрид, од 2015 до 2022 година. Тој има и една европска титула со„кралевите“ од Мадрид, од каде во 2022 се пресели во Зенит.
Томпкинс има студирано на Универзитетот Џорџија, по што по добрите игри во НЦАА доби шанса да заигра и во НБА-лигата, во 2011 година. Тој мина две години во тимот на ЛА Клиперс, но немаше преголема минутажа, поради што се реши да се пресели во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА