Екс-фудбалер на Црвена звезда Бојан Рашовиќ е уапсен под сомнение дека ја убил поранешната сопруга. Убиството се случило утрово во Херцег Нови околу шест часот, а според првите информации Б.Р. (47) со сачмарка пукал кон Б.П. (47) која веднаш починала.
Според порталот „Дан“, Бранка Петровиќ наводно била застрелан од нејзиниот поранешен сопруг, кој веднаш и се предал на црногорската полиција.
Рашовиќ е познато име во светот на фудбалот на овие простори, а своевремено настапуваше и во дресот на Црвена звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА