Екс играчот од средниот ред Рики Пуиг, ќе ја пропушти целата 2026 година поради втора операција на вкрстените лигаменти на левото колено. Тој ја има оваа повреда од крајот на 2024 година, откако повредата се случи во полуфиналето на МЛС Купот. Екс играчот на Барса не одигра ниту еден меч во 2025 година.
Лос Анџелес Галакси објавија дека Шпанецот претрпел дополнителна операција на лигаментите и нема да се врати до почетокот на 2027 година.
Пуиг се сметаше за еден од тројцата најскапи играчи во МЛС на почетокот на есента 2025 година, меѓутоа сега неговата цена може драстично да падне по последните случувања и повреди кои го оддалечија еден од најталентираните шпански фудбалери од терените.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

