Поранешниот играч на Ливерпул и на украинската репрезентација Андреј Вороњин, го раскина договорот со Динамо Москва каде работеше како помошник тренер, и замина од клубот.
„Јас и моето семејство заминавме од Москва во последен момент. Не можевме да одиме преку Дизелдорф, па слетавме во Амстердам пред сите да ги блокираат руските авиони. Не можам да седам во Москва, во земја која ја напаѓа мојата. Татко ми беше на операција, а сега е тука со мене, со сопругата, децата. Децата ги извлеков од училиште, но тоа е најмалку важно сега“, рече Вороњин.
„Не се чувствувам добро. Ова е како хорор филм. Секојдневно добивам снимки од Украина и не можам да верувам што гледам. Горд сум на мојата земја. Ќе продолжиме да се бориме, но цената е висока, има многу жртви. Живееме во 2022 година, а не во Втората светска војна“, изјави Вороњин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

