Екс-играчот на Вардар и легенда на Хајдук во јуни ја завршува кариерата

Поранешниот фудбалски репрезентативец Сенијад Ибричиќ, кој кратко беше дел и од тимот на Вардар, објави дека во јуни ја заврши кариерата и се посветува на други води.

Ибричиќ во моментов е дел од Домжале, каде што игра во последните четири години, а во Вардар беше од февруари до јуни 2015 година. Тој е легенда на тимот на Хајдук, од каде потоа играше за Локомотив Москва, Газијантеп, Касимпаша, Кајзери, Вардар, а беше и во Копер.

„Мојата фамилија и јас одлучивме ова да ми биде последна сезона во кариерата, но ќе останам во клубот. Последните зимски подготовки ќе ги одработам на максимум. Ова е најтешкиот дел од сезоната, но би сакал на најдобар начин да ја завршам кариерата. Тоа е важно за мене и за целата екипа, која мора да продолжи да игра во Европа“, рече Ибричиќ кој во коментов има 36 години.

Се вчитува...