Екс-капитенот на Милан потпиша на пет години со Лацио

Алесандро Ромањоли конечно ги разреши дилемите околу својата иднина потпишувајќи петгодишен договор со екипата на Лацио. Поранешниот италијански репрезентативец го загуби статусот во националниот тим откако не беше стандарден во редовите на Милан, поради што екс-капитенот реши да си замине од „Сан Сиро“, како слободен играч по истекот на договорот со „росонерите“.

За неговите услуги се интересираше и новиот премиерлигаш Фулам, кој испрати богата понуда за искусниот дефанзивец. Сепак, Ромањоли на крајот реши да остане на Апенинскиот полуостров, прифаќајќи ја понудата за плата од загарантирани 2,9 милиони евра по сезона. Доколку Лацио обезбеди излез во Лигата на Шампионите, тоа ќе значи и автоматски бонус за Ромањоли во висина од 600.000 евра.

За италијанскиот дефанзивец ова ќе биде враќање назад во „вечниот град“, каде во периодот од 2012 до 2015 година со успех го носеше дресот на Рома.

Се вчитува...