Голем број играчи и фанови на кошарката се приклучија на НБА револтот, кој беше предизвикан од нападот на Капитол Хил во Вашингтон. Сега, уште еден поранешен играч во НБА, Дејвид Вуд, се најде меѓу бунтовниците пред портите на една од институциите близина на Белата куќа.
Дејвид Вуд, кој во моментов има 56 години, играше во шест НБА тимови (Булс, Ракетс, Спарс, Пистонс, Вориорс и Бакс), но во Шпанија стана познат по потпишувањето за тимот на Барселона. Тој како центар на каталонскиот клуб со висина од 2.06 метри беше препознатлив по неговата екстремна борбеност, па поради тоа го доби и прекарот „Гладијатор“.
Вуд по пензионирањето се активираше како политички активист, а сега се најде во прв план како еден од бранителите и подржувачите на Доналд Трамп. Вуд не се двоумеше да застане пред Капитол за да се приклучи на бунтот и да маршира по улиците, а сето тоа и да го пренесе на неговите социјални мрежи, покажувајќи ја целата таа борбеност по која беше препознатлив 20 години на терените. Всушност, тој дури бил и предводник на нападот врз Капитол.
Инаку, овие протести во Вашингтон се против потврда на Бајден за претседател на САД, кој денеска официјално беше потврден за нов претседател на САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

