Екс кошаркар на МЗТ беше дел од луд пресврт: Од „минус“ пет до победа за четири секунди (ВИДЕО)

Доскорешниот кошаркар на МЗТ Скопје, Страхиња Миќовиќ кој претходната сезона настапуваше на терените ширум Македонија оваа сезона е дел од литванското првенство каде ги брани боите на Јонава, а неговиот тим влезе во историјата со еден од најлудите пресврти видени во кошарката.

Тимот на Србинот се најде пред пораз, на четири секунди до крајот имаше негатива од пет поени, но успеа во „невозможното“. Прво погоди тројка од табла за негатива од еден напад, а откако домашните кошаркари направија прекршок во напад при изведување од страна, направија и прекршок во обид за три поени кој им го запечати поразот.

Се вчитува...