Двојниот освојувач на златен медал на ОИ, францускиот пливач Јаник Ајнел, е уапсен поради обвинение дека ја силувал малолетната ќерка на тогашниот тренер Лајонел Хортнер.
„Разликата меѓу нив двајца биле преголема, и поради тоа е поднесено обвиниение за силување и сексусален напад“, се наведува од Обвинителството на Франција.
Против Ајнел е поднесено обвиниение поради напад на 13-годишната Наоми Хортнер, кога овој пензиониран спортист имал 24 години.
„Јаник призна, но истакна дека немало присилување, односно дека не ја силувал“, изјавил Обвинителот Едвиг Ро-Моризо.
Но тоа не спречило тој да биде уапсен. Се огласи и пливачкиот сојуз на Франција и најави парнична постапка пред Судот.
Анјел во 2010 година го освои Европското првенство во трка на 400 метри слободно, со нов државен рекорд. Две години подоцна на ОИ во Лондон освои две злата, на 200 метри слободно и во штафета 4Х100 метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА