Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Њукасл Јунајтед, Џонџо Шелби го изненади светот на фудбалерот откако минатото лето замина од редовите на премиерлигашот Барнли и се пресели во Арабиан Фалконс, клуб кој се натпреварува во третата лига во Обидинетите арапски емирати.
Многумина го осудија 33-годишникот за овој потег велејќи дека и тој ги одбрал парите пред фудбалот, но како што открива Шелби, не станува збор за финансиска цел, туку повеќе за сигурност.
„Видов разни коментари како „отиде таму заради пари“. Си мислам: „Какви пари во третата лига во ОАЕ. Стандардната плата тука изнесува 2000 фунти месечно за фудбалери. Во однос на тоа што го заработував во кариерата, тоа е ситница. Имав свое време, сега сум во фазата кога сакам да уживам во фудбалот и да поминувам време со моето семејство.
Ако сум искрен, повеќе не сакам децата да ми растат во Англија. Пресреќни сме што живееме во овој убавиот дел од Обидинетото кралство, но оттаму од каде што сум јас не можеш да имаш убаво работи по мое мислење. Никогаш повеќе не би носел часовник во Лондон. Не можеш надвор да користиш телефон“, изјави Шелби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

