Екс-премиерот, екс-градоначалникот Шилегов, Даниел Димевски… ова се луѓето што ветувале, а не исполниле…

Неисполнетите ветувања на државни функционери придонесоа Вардар да дојде онаму каде што се најде во моментов. Претседателот Михајловски на прес-конференцијата објави и конкретно кој му ветил, а не исполнил, со што била продлабочена финансиската криза.

„Јас не разговарам со референти, туку само со највисоките функции. Реков дека државните институции разочараа, зборував со Премиерот на Македонија кој ми вети помош. Реков градски власти, зборував со тогашниот Градоначалник Шилегов, и неговите ветувања не се исполнија. Даниел Димевски,кој тогаш беше владин советник за спорт, беше еден оние кои ветуваа дека ќе помогнат, само даго земам Вардар. Ете, тој сега е претседател на МОК, а ние стигнавме до оваа ситуација. Истото беше случај и со Агенцијата за Млади и спорт, но знаете како е во политиката, се зборува само во идно време, ќе биде, ќе помогнеме, не се секирај, не те оставаме сам“. Не би сакал да откривам многу имиња, бидејќи во политиката луѓето се суетни, сега разговараме со сегашната Градоначалничка Данела Арсовска и не би сакал да стравува дека ако не исполни и таа ќе биде именувана како овие лица кои не ги исполниле своите ветувања кон мене и кон РК Вардар. За мене логично е РК Вардар да биде помогнат од Град Скопје, но тоа е само мое мислење“, истакна Михајловски.

Се вчитува...