Екс репрезентативец на БИХ пред меч одлучил да ја заврши кариерата

Некогашниот репрезентативец на БИХ, Огњен Врањеш се одлучил да стави крај на кариерата. Одлуката ја однел изненадувачки, пред натпревар во српската лига, каде што настапува дефанзивецот.

Српските медиуми јавуваат дека 34-годишниот фудбалер требало да биде стартер за својот тим Чукарички во дуелот со Нови Пазар, но пред натпреварот ги известил сите дека ја прекинува кареирата.

Деталите за ваквата одлука не се познати. Со Чукарички има договор до лето. Претходно му пропадна трансфер во Партизан. Врањеш има 38 натпревари за БИХ.

Се вчитува...