Екс-репрезентативец на Холандија: Од девет години шверцував дрога, татко ми ме тераше

Поранешниот холандски репрезенативец Џетро Вилемс обелодени детали од детството, признавајќи дека уште од 9-годишна возраст бил принуден на шверц на дрога – и тоа од сопствениот татко. Вилемс потекнува од Курасао, земја од која како дете внесувал кокаин во Европа.

„Во одреден момент останавме без пари дома. Дури и кога имаше работа, не остануваа пари за семејството. Тогаш моите родители одлучија да шверцуваме дрога. Јас се жртвував, имав девет години и бев лудо дете. Родителите ме седнаа и разговоравме, татко ми ме натера, самиот сфатив дека морам да го направам тоа за семејеството. Ми лепеа кокаин околу нозете кога влегував во земјата. Полицајците не ми обрнуваа внимание бидејќи бев многу мал“, истакна Вилемс.

Тој најдобрите моменти во кариерата ги мина носејќи го дресот на ПСВ Ајндховен, период во кој беше стандарден и во холандската репрезентација. Потоа настапуваше и во Ајнтрахт и во Њукасл, а има и 22 настапи за сениорската репреззентација на Холандија.

„Подоцна застанавме на нозе, моите родители почнаа добро да заработуваат. Им кажав се што планирале да ми дадат, да и го дадат на сестра ми. Мене ми беше доволен фудбалот, топката ми го спаси животот, вели Вилемс.

Се вчитува...