Дебатите за најдобриот кошаркар на светот најчесто носат полемика дали на врвот е Мајкл Џордан, Коби Брајант или Леброн Џејмс, но според поранешниот американски репрезентативец Чендлер Парсонс, кога се говори за „големата тројка“, место нема за Брајант.
Не само што за Коби Брајант, освојувач на пет шампионски титули нема место меѓу најдобрите тројца, туку за Парсонс тој е послабо рангиран од Кевин Дурент.
„Го сакам Коби, нека почива во мир, но тој не е меѓу тројцата најдобри кошаркари во очите на многу луѓе. Не знам ни зошто луѓето дискутираат помеѓу него и Леброн. Мислам дека е помеѓу Шек или Леброн. Коби не е „топ 3“. Дури луѓе го рангираат него пред Леброн… Јас дури би го рангирал Кевин Дурент пред Коби“, изјави Парсонс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА