Играчот од средниот ред Душко Трајчевски по долги години се врати во ПМФЛ и потпиша за Гостивар. Трајчевски во Гостивар доаѓа од Кипар, каде што настапуваше долго време во Докса.
Трајчевски во минатото беше дел од Работнички. Беше и повремен репрезентативец на Македонија, за која настапи шест пати, и одигра вкупно 210 минути.
Освен него, Гостивар се засили и со Малик Хамзиќ. Овој 18-годишник доаѓа од Работнички, а игра на позицијата стопер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА