Илија Несторовски е пред потпис со Удинезе, а во најскоро време се очекува од Палермо да си замине и вториот македонски репрезентативец, Александар Трајковски. Сицилијанскиот клуб доби неколку понуди за крилниот офанзивец, а најконкретна во моментов е онаа од второлигашот Салернитана.
За нов тренер на Салернитана неодамна беше именуван Џампјеро Вентура, а токму поранешниот италијански селектор е најзагреан за да го види Трајковски во тимот од Салерно.
„Вентура сака да го засили тимот, а веќе е остварен контакт со 26-годишниот Александар Трајковски. Тој може да игра како втор напаѓач или како плејмејкер. Вентура го сакаше и Илија Несторовски, но проблем беше платата на фудбалерот, што не е случај со Трајковски“ – пишуваат италијанските медиуми.
Македонија ремизираше на гостувањето против Италија (1-1) додека Вентура беше селектор, а единствениот гол за нашиот национален тим на мечот одигран во Торино го постигна токму Александар Трајковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

